Барселона за 15 милиони евра може да формира страшен тандем во одбраната
Според истите информации, раководството на каталонскиот клуб во следните денови треба да стапи во контакт со претставниците на искусниот дефанзивец за да ја испита можноста за негов трансфер на „Камп Ноу“.
Во Барселона сметаат дека Лапорт би можел да биде квалитетно засилување за централниот дел од одбраната, пред сè поради неговото големо искуство, лидерските способности и фактот дека игра со левата нога.
Дополнително, неговото доаѓање би овозможило формирање на тандем со неговиот репрезентативен колега Пау Кубарси, со кого блескаше во дресот на Шпанија за време на Светското првенство.
Шпанските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на Барселона, Деко, внимателно ги следел настапите на Лапорт на Мундијалот, а неговите одлични партии дополнително го зацврстиле ставот на клубот дека тој може да биде вистинско решение за одбранбената линија.
Според достапните информации, откупната клаузула во договорот на Лапорт изнесува 15 милиони евра, сума која Барселона ја смета за прифатлива од финансиски аспект.