Многу се очекуваше, малку покажаа - ова е најлошиот тим на Мундијалот
Американскиот „ЕСПН“ направи избор на најразочарувачкиот тим на Мундијалот, а на листата се најдоа големи фудбалски имиња. На голот е искусниот Уругваец Фернандо Муслера, додека одбранбената линија ја сочинуваат Џошуа Кимих, Вирџил ван Дајк, Марк Геји и Нико О'Рајли.
Во средниот ред, според оваа анализа, најмногу потфрлиле Федерико Валверде, Скот Мектоминеј и Бруно Фернандеш, додека во нападот место добија Флоријан Вирц, Кристијан Пулишиќ и бразилската ѕвезда Нејмар.
Според оценката на „ЕСПН“, сите овие фудбалери пристигнаа на Светското првенство со големи очекувања и репутација на лидери во своите селекции, но нивните настапи не беа на посакуваното ниво. Наместо да бидат носители на играта, тие оставија далеку послаб впечаток отколку што се предвидуваше пред почетокот на турнирот.