Иванишевиќ го „нападна“ Ѓоковиќ: Кој ку*ац му треба сето ова на Новак!

Горан Иванишевиќ, поранешна тенеска легенда и некогашен тренер на Новак Ѓоковиќ,, повторно зборуваше за српскиот тениски ас и откри кога смета дека би можел да биде идеалниот момент за крај на неговата блескава кариера.

Хрватскиот стручњак, со кого популарната Ноле освои дури девет гренслем-титули, смета дека Србинот има сила да продолжи уште најмалку две години и да настапи на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година, каде што би го бранел златниот медал освоен пред две години во Париз.

„Новак вели дека сака да игра до Лос Анџелес, што значи уште две години. Искрено, познавајќи го него, мислам дека тоа е сосема возможно. Особено со распоредот што го има и со неговата глава, која е навистина посебна. Денес тој е веднаш зад Синер, Алкараз и Зверев, или подобро кажано, тие четворица се над сите останати. Па зошто да не?“, изјави Иванишевиќ.

Тој посочи дека најголемиот предизвик за Ѓоковиќ е постојано да ја пронаоѓа мотивацијата, бидејќи тенисот е индивидуален спорт, за разлика од фудбалот или кошарката.

„Разликата е огромна. Леброн Џејмс има уште четворица соиграчи покрај себе, Лионел Меси има десетмина. Новак мора сам да се турка напред, сам да ги поместува границите, да доаѓа на тренинг и да ги повторува истите удари што ги извел милијарди пати. Понекогаш мора да се праша: ‘Кој ку*ац ми треба сето ова?’. Но, повторно те влече, знаеш дека можеш. Во колективните спортови тоа е многу полесно“, порача Иванишевиќ.