Ерата на Меси во аргентинската репрезентација не е завршена!

Легендарниот капитен на Аргентина, Лионел Меси засега не планира да ја заврши кариерата во репрезентацијата.

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ одигра одлично Светско првенство и покрај тоа што има 39 години. Беше многу разочаран од поразот во финалето против Шпанија и не можеше да ги задржи солзите. Овој натпревар се чинеше дека е негов последен на светските првенства, но изгледа дека нема да биде така за репрезентацијата.

Засега нема официјална изјава за ова прашање, ниту од федерацијата ниту од самиот Меси, а иднината на Лионел Скалони е исто така неизвесна, бидејќи тренерот, кој е многу близок до „Ла Пулга“, рече дека не одлучил дали ќе остане по декември, кога му истекува тековниот договор. Според „Марка“ и главните аргентински медиуми, Меси ќе продолжи да го носи националниот дрес во догледна иднина, а следната голема цел е Копа Америка во 2028 година.

Самиот Лео отсекогаш велел дека на оваа возраст ќе донесува одлуки година по година, земајќи ја предвид неговата физичка состојба. Сепак, неговиот настап на Светското првенство во 2026 година дава причина за надеж кај аргентинските навивачи. Покрај тоа, Меси потпиша договор со Интер Мајами до крајот на 2028 година, па затоа нема намера да ја заврши својата славна кариера дотогаш.

Не е исклучено Меси да игра и на Светското првенство во 2030 година на кое Аргентина е автоматски пласирана како еден од домаќините.