Ибрахимовиќ за Паредес: Нека биде среќен што немаше играч како мене на теренот

Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ без влакна на јазикот ги коментираше скандалозните сцени кои се случија во финишот на Светското првенство.

Во центарот на хаосот се најде аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес кој по завршувањето на натпреварот тој влезе во физички конфликт со Ерик Гарсија, а во инцидентот се вмеша и Гави.

Паредес го фати шпанскиот фудбалер за врат, а потоа го турна и Гави. Ситуацијата брзо ескалираше, па во мешаницата се вклучија голем број играчи и членови на стручните штабови.

„Може да биде среќен што на теренот немаше играчи како мене. Ако бев таму, ќе го удрев со глава и исто така ќе добиев црвен картон. Тоа е крајно непрофесионално. Не разбирам што прават шпанските играчи, само гледаат како некој друг играч го удира нивниот соиграч“, изјави Швеѓанецот.