Големиот талент кој го напушти Пелистер ќе игра во Германија

Босанецот, Алем Хаџиќ со големи очекувања пристигна во Пелистер пред три години, но во својот престој не успеа да ги исполни очекувањата, а ова лето си замина од Битола.

Неколку дена откако битолскиот клуб го потврди неговото заминување тој сега е претставен во редовите на германскит Хамбург со што ќе биде дел од најсилната лига во светот.

Хаџиќ кој има 19 години за Пелистер минатата сезона во домашното првенство постигна 53 гола и подели 17 асистенции.

„Играњето во Бундеслигата е голем предизвика за мене и можност да покажам што знам. Сакам да напредувам и да учам од соиграчите секој нов ден“, порача младиот ракометар на претставувањето.