Охриѓанецот Осман потпиша тригодишен договор со ПАОК (ФОТО)

Турскиот репрезентативец Џеди Осман ја продолжи кариерата во грчки ПАОК, откако потпиша тригодишен договор со екипата од Солун.

Родениот охриѓанец реши да го напушти Панатинаикос, по што веднаш си најде нов ангажман, а според грчките медиуми неговата плата во ПАОК ќе биде три милиони евра по сезона.

Осман минатата сезона во дресот на Панатинаикос во просек постигнуваше по 12,9 поени во Евролигата, како и 11,2 поени во грчкиот шампионат.

Фото: Facebook/Panathinaikos BC