Вардар ќе има подготовки во Скопје и Маврово, а ќе настапи и на два турнири (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар соопшти дека ќе ги почне подготовките на 27 јули, а истите ќе се одржат во Македонија, по што е планиран настап на два турнири.

Првиот тренинг на „црвено-црните“ ќе се одржи на 27 јули во спортската сала „Расадник“ во Скопје, а потоа од 3 до 10 август вардарци ќе одат на тренинг камп во Маврово.

Вардар потоа планира да настапи на два турнири, и тоа од 12 до 15 август во Струга, по што од 18 до 22 август ќе настапува во Охрид.