Има фаворит за потписот на Возиња, преговорите веќе започнале

Голманот Возиња кој стана вистински хит на Мундијалот и понатаму е во потрага по нов ангажман откако му заврши договорот со португалскиот Чавес, а сега е познат и фаворитот за неговиот потпис.

Според информациите, екипата на Коло Коло од Чиле во овој момент е во сериозни преговори со искусниот чувар на мрежата.

Агентите на голманот веќе ги соопштиле своите барањата на претставниците на Коло Коло и информациите се дека разговорите течеле во дбра насока.

Возиња претходно се поврзуваше и со други клубови, како Интер Мајами на Лионел Меси, меѓутоа не се случи ништо конкретно.