Пелистер против ривали од Германија, Шпанија и Полска во групната фаза од Лига Европа!
Македонскиот тим ќе настапува во групата Г, каде што за ривали ќе ги има германски Гумерсбах, шпанска Ла Риоха и полски Вибжеже Гдањск. Битолчани ги очекуваат шест натпревари во групната фаза, а целта ќе биде освојување на едно од првите две места кои директно водат во елиминациската рунда.
Во нокаут-фазата ќе се пласираат прво и второпласираните екипи од сите осум групи, на кои ќе им се приклучат третопласираните и четвртопласираните тимови од Лигата на шампионите. Вкупно 28 екипи ќе формираат 14 двојки, чии победници ќе обезбедат место во осминафиналето. Таму ќе им се приклучат и петтопласираните состави од главната рунда на ЛШ, а најуспешните ќе се борат за пласман на завршниот турнир (Фајнал фор) во Хамбург.
Новата сезона во Лигата на Европа ќе започне на 29 и 30 септември, кога ќе се одиграат натпреварите од првото коло од групната фаза.
ЛИГА ЕВРОПА (групна фаза)
ГРУПА А: Нексе Нашице, Елверум, Сен Рафаел, Хамарби
ГРУПА Б: Бидасоа Ирун, Лимож, Хафнарфјордур, Мадеира
ГРУПА Ц: Извиѓач Љубушки, Кадетен Шафхаузен, Шамбери, ЧСМ Букурешт
ГРУПА Д: Савехоф, Татран Прешов, Сесвете, Бергишер
ГРУПА Е: Фленсбург, Гранољерс, Бузау, Агуаш Санташ
ГРУПА Ф: Бенфика, Карвина, Торелавега, Холстебро
ГРУПА Г: Еурофарм Пелистер, Гумерсбах, Ла Риоха, Вибжеже Гдањск
ГРУПА Х: Татабања, Валур, Слован Љубљана, Морс