Македонија го реши Азербејџан и ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место на ЕП

Македонската млада кошаркарска репрезентација славеше против Азербејџан (67-57) во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство (ЕП) од Дивизија „Б“, а со тоа го обезбеди третото место во групата А и пласман во разигрувањето за позициите од 9 до 16. место.

Азербејџан го отвори добро натпреварот и ја доби првата четвртина со 25-16, додека во вторите 10 минути двете екипи беа ужасни во нападот, а Македонија до полувреме намали на 25-32.

Моќниот старт на второто полувреме на Македонија ѝ донесе целосен пресврт (52-49), а до крајот на средбата нашите кошаркари го зголемуваа водството, додека Азербејџан се мачеше во нападот.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Коста Ќириловски со 16 поени, шест скокови и една асистенција, додека Марко Луканоски запиша 15 поени, 14 скокови и две асистенции.

Фото: КФМ