Проблеми за ФИФА: Невреме му се заканува на финалето на СП!

Финалето на Светското првенство (СП) се очекува да биде еден од најгледаните спортски настани во историјата, но оваа година организаторот би можел да се соочи со проблеми.

Додека Шпанија се подготвува за дуелот во недела против победникот од средбата меѓу Англија и Аргентина, ФИФА се соочува со проблеми поради временската прогноза.

Финалето е закажано за недела од 21 часот, а треба да се одигра на „МетЛајф“ во Њу Џерси. Сепак, неколку денови пред спектаклот се појави загриженост поради временската прогноза. Иако на почетокот на натпреварот се очекува температура од 28 степени, сепак постои можност од невреме со грмотевици и дожд.

Поради тоа што стадионот нема покрив, невреме би можело да предизвика одложување на натпреварот или евентуален привремен прекин.