Познати се составите: Тухел и Скалони со неколку изненадувања во екипите (ФОТО)

Фудбалерите на Аргентина и Англија вечерва од 21 часот ќе се соочат во полуфинале на Светското првенство (СП), а селекторите Лионел Скалони и Томас Тухел ги избраа репрезентативците.

Селекторот на Англија се реши за неколку изненадувања. Морган Роџерс ќе го почне натпреварот, а шанса ќе добие и Спенс од првата минута.

Англија ќе тргне со Пикфорд, Џејмс, Стонс, Гуехи, Спенс, Рајс, Андерсон, Роџерс, Белингам, Гордон и Кејн.

Тренерот на Аргентина се реши за една промена во составот, па така Џулијано Симеоне ќе биде стартер.

Аргентина почнува со Мартинез, Молина, Ромеро, Лисандро Мартинез, Таљафико, Симеоне, Пардес, Мекалистер, Фернандез, Меси и Алварез.

Фото: England football team