„Аргентина има просечен тим, ова ни е најдобра шанса за финале на СП“

Аргентина и Англија вечерва од 21 часот ќе се соочат во полуфинале на Светското првенство (СП), а поранешниот фудбалер Крис Сатон смета дека ова е историска шанса за пласман во финале на неговите сонародници.

Бившиот напаѓач смета дека Аргентина има просечен тим, па поради тоа „Гордиот Албион“ има одлична шанса да се избори за битка за трофеј.

„Англија никогаш нема да има подобра шанса за победа во полуфинале на Мундијал. Аргентина е светски шампион, го имаат Лионел Меси, но тие се просечен тим во моментов“, смета Сатон.

Фото: Selección Argentina in English