Педри го предвиде сето ова уште пред 13 месеци (ФОТО)
Откако пред две години стана европски шампион, „фуријата“ сега ќе се обиде да ги обедини круните, а противник во финалето ќе ѝ биде победник од вечерашниот дуел меѓу Англија и Аргентина. Многумина не веруваа дека Шпанија може да дојде до финалето, особено по лошиот старт и ремито против Зеленортски Острови што беше означено како една од најголемите сензации во историјата на мундијалите.

Сепак, за фудбалерот на Барселона, Педри ваквиот развој на настаните не е никакво изненадување. Пласманот во финалето на Мундијалот тој го предвиде уште на 10 јуни минатата година, два дена откако Шпанија загуби од Португалија во финалето од Лигата на нации.