Галатасарај подготвува спектакуларен трансфер вреден 70 милиони евра!
Последните информации велат дека Галатасарај сака да го направи трансферот на преодниот рок во Турција, а целта е Фил Фоден.
Турскиот клуб веќе почнал разговори со Манчестер Сити околу можноста да биде купен Фил Фоден кој немаше најдобра сезона.
Цената на Фил Фоден се проценува на 70 милиони евра, па се чини дека тоа ќе биде сумата која ќе треба да ја одвои Галатасарај.
Во прилог на Галата оди и тоа што Фоден влегува во последната година од договорот со Манчестер Сити, па англискиот клуб ќе биде приморан да го продаде доколку тој не потпише нов договор.
Изминатата сезона не беше најдобра за Фоден, затоа и не доби повик за Светското првенство, но тој останува една од најголемите англиски ѕвезди.