Саволаинен си постигна автогол, Вардар води против КуПС (ВИДЕО)
По речиси еден час игра и притисок од Вардар, Саволаинен реагираше лошо по еден центар-шут на Бобан Николов и ја погоди мрежата на КуПС.
Вардар има уште половина час до крајот за да ја анулира негативата против КуПС, кој претходно славеше во Скопје со 2-0.