Реал Мадрид ова лето веќе заработи 138 милиони евра!
Најголем беше трансферот на Нико Паз. Реал Мадрид ја искористи клаузулата да го откупи фудбалерот за 9 милиони евра, па пак му го продаде на Комо за 60 милиони евра.
Од Виктор Муњоз кој потпиша за Ливерпул земаа 20 милиони евра, од трансферот на Марио Гила од Лацио во Милан добија 15 милиони евра, иста сума заработија и од Алваро кој потпиша за Борнмут.
12,5 милиони евра од Алекс Хименез кој е нов играч на Борнмут, осум од Виктор Валдепењас кој ќе игра во Фиорентина.
Фран Гарсија го продадоа на Бетис за четири милиони евра, а 3,5 милиони евра од Марио Мартин од Хетафе.