Малдини го избра новиот селектор на Италија

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини стана технички директор на италијанската федерација, па веднаш го откри неговиот фаворит за нов селектор на „аѕурите“.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Малдини заедно со Леонардо сакаат да го ангажираат Андреа Пирло.

Досега во медиумите како главни кандидати се споменуваа Антонио Конте и Роберто Манчини, меѓутоа ситуацијата драстично се промени по доаѓањето на Малдини.

Пирло е во добри односи со Малдини и Леонардо, со кои ја делеше соблекувалната во Милан во минатото.

Фото: Nazionale Italiana di Calcio