Трансфер од соништата: Хрватски тинејџер е најскапото засилување во историјата на Брајтон!

Хрватскиот репрезентативец Лука Вушковиќ (18 години) и официјално е нов фудбалер на Брајтон, откако англискиот премиерлигаш го потврди неговиот трансфер од Тотнем.

Младиот стопер потпиша петгодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, а трансферот беше официјализиран по успешно извршените лекарски прегледи. Вушковиќ во Брајтон доаѓа по одличната сезона на позајмица во германски Хамбургер, каде што со своите настапи го привлече вниманието на бројни европски клубови и уште еднаш потврди дека важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа.

Според англиските медиуми, Брајтон за неговите услуги ќе му исплати на Тотнем фиксна сума од 53 милиони евра, со дополнителни бонуси што можат да ја зголемат вредноста на трансферот на дури 58 милиони евра. Со тоа, Вушковиќ стана најскапото засилување во историјата на Брајтон.