Потроши 530 милиони евра и не освои ништо, а сега ќе биде селектор на Холандија

Холандските медиуми пишуваат дека поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот наскоро ќе го преземе кормилото на Холандија.

Слот е главен кандидат за наследник на Роналд Куман, но навивачите не се сигурни дека го има потребниот квалитет за да донесе успех на репрезентацијата.

Слот успеа да го освои пехарот во Премиер лигата со Ливерпул во неговата прва сезона, меѓутоа следната беше разочарувачка посебно поради тоа што потроши дури 530 милиони евра за засилувања и не освои ниту еден пехар.

Фото: Facebook/Liverpool FC