Голем македонски талент потпиша за Уникаха Малага - ќе игра како „Шпанец“!
Станува збор за за еден од најреномираните клубови во Шпанија и Европа, а сениорската екипа освен во АЦБ-лигата, која се смета за едно од најсилните национални првенства во светот, настапува и во Евролигата, Еврокупот или Лигата на шампионите.
Сотир во изминатите три сезони се развиваше во Шпанија, работејќи во рамките на својата академија, а претходно две години настапуваше за ЦБИ Елче. Со почетокот на новата сезона тој ќе ја комплетира третата натпреварувачка година во шпанскиот систем, со што ќе се води како домашно формиран играч според правилата на шпанската кошарка.
Покрај клупските обврски, Сотир е и член на младинската репрезентација на Македонија до 18 години, а пред да излезе од Македонија настапуваше за кадетскиот тим на Работнички.