Македонските јуниори поразени на контролките со Бугарија

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години беше поразена по втор пат од Бугарија (75-85) на пријателски натпревар во Ботевград, додека јуниорките загубија од нивните противнички од Бугарија со 56-77.

Македонските јуниори одиграа добро прво полувреме и заминаа со предност од 42-41 на паузата, сепак во вториот дел домаќинот заигра подобро и го сврте резултатот во своја корист за да слави на крајот со 85-75.

Најефикасен кај Македонија беше Ѓорѓи Цветковски со 21 поен, додека Дамјан Стојановски запиша девет поени и пет скокови.

Контролните дуели на Македонија против Бугарија беа дел од подготовките за настап на Европското првенство од „Б“-дивизија, кое се игра во Хрватска.

Јуниорската женска репрезентација беше ослабена во дуелот против Бугарија, откако не настапија Ива Колева, Глорија Груевска и Ана-Марија Димитровски, па доживеа пораз од нашиот источен сосед со 56-77. Најефикасна во македонскиот тим беше Карајованова со 13 поени и 11 скокови.

Дуелите на кошаркарките во Ботевград беа дел од подготовките за настапот на ЕП во Дивизија „Б“, кое се игра од 31 јули до 9 август во Романија.

Фото: КФМ