Аморим за Модриќ: Ќе одам по него и лично ако треба!

Искусниот хрватски играч за врска Лука Модриќ во овој момент е на одмор по елиминацијата со Хрватска од Мундијалот, а засега не е познато каде ќе игра наредната сезона. 

Минатото лето, по 14 години, тој го напушти Реал Мадрид и се пресели во Милан, но на крајот „росонерите“ останаа без пласман во Лигата на шампионите.

Токму поради тоа на „Сан Сиро“ следуваа големи промени, а меѓу другото пристигна и нов тренер, Рубен Аморим. Португалскиот стратег при појавувањето пред медиумите не криеше дека сака да го има Модриќ и наредната сезона.

„Сакам Модриќ да остане. Веќе разговарав со Лука и... ако биде потребно, лично ќе одам по него! Сакам да биде тука  и следната сезона“, изјави Аморим.

Да потсетиме, Аморим минатата година доби отказ во Манчестер јунајтед.