Момент што не се виде во преносот: Помошникот на Египет тргна да го тепа Меси (ВИДЕО)
Во еден момент од мечот дојде до жестока расправија покрај аут линијата при што црвен картон доби помошниот тренер на Египет, Ибрахим Хасан. Лионел Меси во тие моменти ги прашуваше Египќаните на што се жалат, а тоа дополнително го изнервира Хасан, па тргна да го тепа најдобриот фудбалер на сите времиња. Наводно, египетскиот стручњак во таа прилика погрдно викал по Меси.
Сепак, Аргентина дојде до посакуваната победа и обезбеди пласман во четввртфиналето на Светското првенство по што ја продолжува одбраната на титулата.