Поразителна статистика за португалскиот ас: Тројца голмани имале повеќе дриблинзи од Роналдо

Тројца голмани го надминаа Кристијано Роналдо по бројот на дриблинзи за време на Светското првенство кое е во тек.

Според WhoScored, Роналдо не комплетирал ниту еден успешен дриблинг во петте натпревари што ги одигра за време на турнирот. Тројцата голмани кои го надминаа по бројот на дриблинзи се: Алиреза Беиранванд од Иран (3 дриблинзи), Алисон Бекер од Бразил (1) и Возиња од Зеленортски Острови (1).

Иран беше елиминиран во групната фаза, додека Бразил стигна до осминафиналето каде доживеа пораз од Норвешка. Зеленортските Острови исто така стигнаа до осминафиналната фаза и таму загубија од актуелниот шампион Аргентина.

Кристијано Роналдо е единствен фудбалер кој настапил на последните две светски првенства, а не комплетирал ниеден дриблинг.