Сензација: Со вајлд-карта до полуфинале на Вимблдон!

Британскиот тенисер Артур Фери приреди една од најголемите сензации во модерната историја на тенисот.

Тој настапува со специјална покана (вајлд-карта) од страна на организаторите, како домашен претставник на Вимблдон, успеа да дотурка до самото полуфинале од престижниот грен слем турнир.

Фери во четвртфиналната рунда направи вистинско чудо елиминирајќи го неодамнешниот финалист од Ролан Гарос, фаворизираниот Флавио Коболи, и тоа на многу убедлив начин, во три сета, 6-4, 7-6, 6-0.

Британските медиуми веднаш ја нарекоа неговата приказна „Ferytale“ (игра на зборови од неговото презиме и зборот бајка), бидејќи 23-годишниот тенисер во моментов живее вистински спортски сон. Станува збор е за играч кој сè уште не е ниту во Топ 100 на АТП листата, во моментов се наоѓа на 114. позиција.

Во големата полуфинална битка, Фери ќе ги одмери силите против актуелниот шампион на Ролан Гарос, Александар Зверев. Германецот речиси во исто време ја заврши својата задача против Тејлор Фриц, славејќи исто така рутински и убедливо со 6-4, 6-4, 6-2.