Спектакл на Вимблдон: Ѓоковиќ по пет сета го елиминира Оже-Алијасим

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале на Вимблдон, откако со 3-2 во сетови го совлада Феликс Оже-Алијасим.

Двајцата тенисери понудија голема борба во првиот сет, а Ѓоковиќ во 10. гем пропушти две брејки и сет топки, по што го совлада противникот во тај-брејк со 12-10.

Канаѓанецот успеа во вториот сет да направи брејк во осмиот гем, а потоа да сервира за да слави со 6-3 и да израмни на 1-1 во сетови.

Голема драма го одбележа стартот на третиот сет, но искуството на Ѓоковиќ беше пресудно во шестиот гем кога Србинот направи брејк за 4-2, а потоа сервираше да стигне до 6-3.

Ѓоковиќ тргна добро и во четвртиот сет и поведе со 2-0, но Оже-Алијасим набрзо го врати брејкот и се избори за тај-брејк каде што беше подобар со 7-4.

Србинот продолжи да води голема борба против Оже-Алијасим и го скрши во нов тај-брејк со 10-4 за да избори полуфинале против Јаник Синер.

Фото: Wimbledon