Селекторот на Египет: Сè се врти околу пари, сакаа Меси да остане на СП
Хасан не го криеше гневот по поразот од 2-3, па испрати остра порака која одекна во фудбалскиот свет.
„Сè се врти околу пари. Сакаа да остане Меси на турнирот. Во фудбалот многу работи се случуваат надвор од теренот поради различни интереси. Тоа што се случи не беше фер. Египет заслужи да помине понатаму. Ние бевме подобар тим од Аргентина“, кажа Хасан.
Фото: Egypt National Team