Кејн остана без глас по победата над Мексико (ВИДЕО)

Англија изминатата ноќ го елиминираше Мексико и се пласираше во четвртфиналето на Светсткото првенство триумфирајќи со 3-2 во еден од најинтересните натпревари на Мундијалот.

Еден од најзаслужните за победата и во овој натпревар беше Хари Кејн кој го постигна својот шести гол на турнирот. По натпреварот Кејн едвај имаше сили и да даде изјава за новинарите бидејќи речиси и да го загуби гласот по борбата на теренот.

Поради тоа неговата изјава брзо стана хит на социјалните мрежи.