Реал сака брз одговор од Винисиус: Потпиши нов договор или оди си!

Реал Мадрид сака брзо да се реши ситуацијата со договорот на Винисиус, не сака да ризикува да го загуби беспари следното лето.

Актуелниот договор на Винисиус со Реал Мадрид истекува во 2027 година, тогаш може да си замине како слободен играч.

Долго траат преговорите меѓу двете страни, но договор никако да падне.

Реал Мадрид сака Винисиус брзо да одговори, дали прифаќа нов договор или не. Во случај на негативен одговор тие сакаат да го продадат и да заработат на него.

Парите ќе бидат искористени за купување на друга ѕвезда, но најголемиот страв е да не го загубат бесплатно.