Екс-тренерот на Тотнем ќе ги води Роналдо и друштвото
Австралискиот стратег постигнал вербален договор да биде нов тренер на клубот од Ријад, а наскоро се очекува и официјална потврда.
Саудискиот клуб во него гледа идеално решение за долгорочна стабилизација на тимот и борба за трофеи.
Постекоглу во последниот период работеше како аналитичар за УЕФА, но понудата од Саудиска Арабија била доволно конкретна за искусниот 60-годишен тренер да реши да ја промени работата и се врати на клупата.
Пред доаѓањето во Европа, каде што ги водеше Селтик, Тотнем и Нотингем Форест, Постекоглу во кариерата со успех ја водеше и репрезентацијата на Австралија, со која го освои Азискиот куп, како и јапонскиот Јокохама Маринос.