Лукаку си призна - немал храброст да го шутира пеналот со Сенегал!
Белгија губеше со 2-0 од финалистот на Африканскиот куп нации, но успеа да се врати во игра со два гола постигнати во интервал од само три минути, помеѓу 86. и 89. минута, со што се играа продолженија.
Во екстра-времето, Белгијците добија пенал во самиот финиш, кој Тилеманс смирено го реализираше и ја испрати топката во горниот агол од мрежата.
Сепак, изведувањето на ударот беше одложено поради протести на сенегалските фудбалери околу судиската одлука. Во тој период, Лукаку ја држеше топката и се подготвуваше да го преземе одговорноста, но по неколку минути одлучи да му ја предаде на Тилеманс.
По натпреварот, тој искрено призна дека не се чувствувал подготвен за таков момент.
„Ментално не сум подготвен за такви тешки и клучни ситуации, па затоа решив тоа да му го препуштам на Јури. Тимот е пред сè“, изјави Лукаку.
Пред Белгија во осминафиналето сега е уште еден тежок предизвик и тоа против домаќинот САД, а тој натпревар е закажан за 7 јули.