Стратегот на Вардар во игра за тренер на сезоната во Европската лига!
Откако ја освои двојната круна на домашна сцена и го врати Вардар во Лигата на шампионите, сега тој е во конкуренција за тренер на сезоната во Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ под негово водство таму стигнаа до четвртфиналето и доживеаја елиминација од Монпелје, но дадоа силен отпор и долго во реваншот беа во игра за голем пресврт и пласман на завршниот турнир.
Конкуренција на Чупиќ за ласкавото признание му се поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо од Мелсунген, Магнус Андерсон од Порто и Алеш Пајовиќ од Фленсбург.