Кавани ѝ кажа збогум на Бока (ВИДЕО)
Уругвајскиот фудбалер, кој во редовите на Бока пристигна во 2023 година, им се заблагодари на навивачите со емотивна видео-порака, истакнувајќи дека настапувањето за аргентинскиот гигант претставувало остварување на неговиот детски сон.
Кавани го завршува својот престој во клубот со 28 постигнати погодоци на 81 одигран натпревар, а дел од аргентинските медиуми најавуваат и дека славниот Уругваец ќе ја заврши кариерата, но засега тоа не е потврдено.
Пред пристигнувањето во Бока Кавани го носеше дресот на Валенсија, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Наполи, Палермо и уругвајскиот Данубио каде што започна.
Gracias de corazón 💙💛 pic.twitter.com/F4z9xMugrW
— Edi Cavani Official (@ECavaniOfficial) July 2, 2026