Тажно: Голман кој требало да стане татко загина во нападите на Израел!
Според соопштението од палестинската страна, Ал-Ашкар загинал од оган отворен од израелските сили.
„Длабоко жалиме поради трагичната смрт на 32-годишниот палестински голман Салим Ал-Ашкар. Тој беше убиен од израелската војска. Длабоко сме погодени од продолжувањето на ваквите настани. Апелираме за правда и мир“, соопшти чилеанскиот клуб Депортиво Палестино.
Ал-Ашкар е еден од неколкуте илјади палестински спортисти кои ги загубија животите од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година.
Тој се оженил пред пет месеци, а неговата сопруга го очекува нивното прво дете. По неговата смрт следуваа бројни изрази на тага од семејството, соиграчите и пошироката спортска заедница.
Ал-Ашкар настапуваше за палестинскиот клуб Хадамат Кан Јунис, познат и како Кан Јунис СЦ, а претходно играше и за Ал Акса Клуб и Ал-Мусадар Спорт Клуб.