Потврден најскапиот британски трансфер во историјата!
Како што претходно беше најавено, Андерсон моментално се наоѓа со репрезентацијата на Англија во Канзас, каде што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи пред финализирање на договорот со англискиот шампион. Се очекува целиот процес да биде завршен по неговото враќање од Светското првенство.
Информацијата не претставува големо изненадување, со оглед дека британските медиуми уште минатата недела ја најавија можноста за негово заминување на „Етихад“.
Според познатиот новинар Дејвид Орнштајн, Сити за ангажманот на поранешниот фудбалер на Њукасл ќе плати сума од 116 милиони фунти (околу 135 милиони евра) со што ќе биде поставен нов британски рекорд.
Нотингем Форест, исто така, ја потврди разделбата со фудбалерот и му посака успех во понатамошната кариера.