Новинар го налути Мартинез пред дуелот со Хрватска: Зборувавте со сите 20 милиони навивачи?
На почетокот тој ги пофали капитените на двете селекции Кристијано Роналдо и Лука Модриќ.
„Ова се фудбалери кои со години се на највисоко ниво и затоа се посебни. Бројот на натпревари што ги има одиграно Лука е импресивен, исто како и нашиот капитен. Модриќ е пример и инспирација за многу спортисти, вистински идол за една генерација. Истото можам да го кажам и за нашиот капитен Кристијано Роналдо. Тие се икони“, изјави Мартинез.
Потоа доби прашање дали Роналдо би можел да го започне натпреварот од клупата за резерви.
„Утре почнуваме едно ново Светско првенство. Зад нас се три натпревари, но мора да ја подобриме нашата игра. Сега влегуваме во нокаут-фазата и не е важно кој колку минути одиграл, туку сите да бидат подготвени“, одговори селекторот.
Најбурна реакција предизвика прашањето од португалски новинар кој рече дека навивачите повеќе немаат доверба во оваа репрезентација.
„Дали разговаравте со сите наши 20 милиони навивачи? Ние имаме навивачи кои се со нас и сигурен сум дека ќе покажеме вистински пристап, посветеност и бескомпромисна игра. Секој има право на свое мислење за играчите и за селекторот. Работевме три и пол години за да бидеме тука. Целото тоа време го искористивме за подготовки, со огромна страст кон репрезентацијата, а луѓето имаат право на свое мислење“, порача Мартинез.
Осминафиналниот натпревар меѓу Португалија и Хрватска ќе се вечерва со почеток во 1 часот по полноќ по средноевропско време во Торонто.