Петто засилување за Силекс, пристигна младински репрезентативец!
Манојлов е актуелен репрезентативец на селекцијата до 21 година за која собра пет настапи, додека во минатата сезона за Работнички настапи на 24 натпревари во првенството и уште три во купот.
Во првата лига успеа да постигне и четири гола, додавајќи четири асистенции. Токму поради тоа во Кратово имаат големи очекувања од 20-годишниот офанзивен играч за врска.
Пред него пристигнаа: Нихад Шеро, Есмир Хасукиќ, Дарко Илиески и Никола Богдановски.