Дешамп по семејната трагедија се врати во репрезентацијата на Франција

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп, повторно им се приклучи на „триколорите“ откако неколку дена беше во Франција поради смртта на неговата мајка.

Од Француската фудбалска федерација потврдија дека искусниот стратег се вратил во репрезентативниот камп и повторно е со националниот тим.

Поради семејната трагедија и погребот на мајка му, Дешамп не беше на клупата за убедливата победа на Франција од 4-1 против Норвешка, со која неговата селекција го освои првото место во групата И.

Французите во осминафиналето ќе се соочат со Шведска, а натпреварот е закажан за вторник.