Шокантна одлука на Норвежаните - со „резерви“ и без Халанд против Франција (СОСТАВИ)

Иако дуелот против Франција директно одлучува за првото место во групата, селекторот на Норвешка, Стале Солбакен одлучи со „резервна“ постава да го почне овој меч.

Во стартната постава нема речиси никој од стартерите, почнувајќи од голманот Ниланд, преку Одегард, Нуса и Риерсон, до Серлот и првата ѕвезда на репрезентацијата Ерлинг Халанд. Норвежаните веќе го обезбедија пласманот во нокаут фазата, а очигледно не им менува дали во 1/16-финалето ќе играат против Брегот на Слоновата Коска или некоја од третопласиираните репрезентации.

 

 

За разлика до Норвешка, Французите ќе почнат со најдоброто што го поседуваат, меѓу нив и Килијан Мбапе кој по 101. пат во кариерата ќе го носи репрезентативниот дрес. Сепак, на клупата ќе го нема селекторот Дидие Дешамп кој мораше да се врати дома поради смртта на неговата мајка.