Еквадор со сензационална победа над Германија се пласираше во нокаут фазата! (ВИДЕО)
Натпреварот не почна во таква насока и изгледаше дека Германците нема да имаат проблеми кога Лерој Сане по две минути го отвори резултатот. Сепак, тој го не ги откажа Еквадорците и веќе во деветтата минута Ангуло со фантастичен удар од далечина го израмни резултатот.
До крајот на првиот дел видовме по некоја прилика и на двете страни, сепак резултатот не се промени.
Почетокот на второто полувреме веднаш донесе возбудувања, Германија во прв момент доби пенал, меѓутоа по реакција на ВАР, пеналот беше поништен поради прекршок направен претходно во акцијата.
По тој момент Еквадор на теренот беше подобар противник и повеќе напаѓаше, па таквата игра им се исплатеше во 77. минута кога Плата погоди за 2-1.
За Германија овој пораз не значи многу бидејќи и така остана на првата позиција во групата додека Еквадор дојде до четири бода со кои сигурно ќе биде помеѓу најдобрите осум третопласирани репрезентации кои одат во нокаут фазата.
Брегот на Слоновата Коска во натпреварот кој се играше во истиот термин не дозволи изненадување и со 2-0 славеше над Курасао со што дојде до шест бода и тие ќе го освојат второто место во групата.