Пред пет години испиша историја во ПМФЛ, а сега потпиша за Шкендија Арачиново

Eкипата на Шкендија Арачиново продолжува да се засилува за сезоната во која ќе дебитира во Првата лига, а ново име во редовите овој тим е Дашмир Елези.

Пред пет години Елези во дресот на тетовска Шкендија стана најмладиот дебитант и стрелец откако во ремито со Шкупи (1-1) погоди со само 16 години и два дена. Oчекувањата од него тогаш беа големи, сепак засега со 21 година не ги оправдува во целост.

Во Македонија го носеше дресот уште на Работнички, но имаше и епизоди во Хрватска во Локомотива и косовска Приштина. За репрезентацијата до 21 година запиша осум настапи и постигна еден гол.