Брутална тепачка на навивачите во Њујорк - летаа боксови и клоци (ВИДЕО)

Атмосферата пред натпреварот меѓу Еквадор и Германија во третото коло од групата Е на Светското првенство (СП) се „загрева“ на улиците на Њујорк.

Навивачите на Еквадор се степале меѓу себе во Њујорк, а според првичните информации станува збор за две различни групи на фанови.

Вербалната пресметка набрзо преминала во физички судир, при што летале боксови и клоци, па морала да интервенира и полицијата.