Познато е колку заработи БиХ со пласманот во нокаут фазата на Мундијалот

Босна и Херцеговина ја мина групната фаза на Мундијалот, како една од осумте најдобро третопласирани оди понатаму на Светското првенство, а тоа ѝ донесе и богата парична награда.

Покрај спортскиот успех на кој се радува целата држава, Босна и Херцеговина ќе добие и голема награда.

За пласманот во нокаут фазата, на нивната сметка ќе легнат уште 11 милиони евра. Вкупната заработка ќе изнесува 23.5 милиони долари.

Босанците на име на трошоци за подготовките добија 2,5 милиони долари од ФИФА.

За пласманот на Мундијалот добија 10 милиони долари и за нокаут фазата уште 11 милиони долари. Вкупно 23,5 милиони досега.