Србија може пак да остане без селектор - Пауновиќ доби понуда што не се одбива
Извори оттаму велат дека тој е најсериозен кандидат за тренерската позиција во Ал Итихад.
„Раководството на Ал-Итихад е блиску до финализирање на договор со релативно малку познат српски тренер“, објави на социјалната мрежа „X“ саудискиот фудбалски инфлуенсер Махмуд Ал-Бкири, поранешен новинар и уредник, сега водител на подкаст со над милион следбеници.
„Нашите извори открија дека е речиси сигурно дека српскиот тренер Вељко Пауновиќ ќе го преземе првиот тим на Ал-Итихад за сезоната 2026/27, со двегодишен договор, заменувајќи го отпуштениот португалски тренер Сержп Консеисао“, додаде Ал-Бкири.
Оваа вест доаѓа во време кога Пауновиќ има само шест натпревари како селектор на српската репрезентација, но и многу непријатно искуство кога голем дел од главните играчи одбија да се појават за јунските пријателски натпревари против Зеленортските Острови и Мексико.