Мбапе со Ирак даде два гола, но и помагаше на вработените на стадионот (ВИДЕО)
Судијата беше принуден да го прекине мечот, додека организаторите се обидуваа да го оспособат теренот за продолжение. Најголемо внимание за време на паузата привлече Килијан Мбапе кој им помагаше на организаторите да ја исчистат водата од теренот.
Снимките од несекојдневната помош на Мбапе брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции кај навивачите.
Mbappe playing his part as groundskeeper #FIFAWorldCup #FRAIRQ pic.twitter.com/4LOTFt6UVk
— 90 Proof Picks (@90ProofPicks) June 22, 2026
Ќе потсетиме, Франција по продолжувањето на дуелот славеше победа од 3-0, а Мбапе беше стрелец на два гола со што се израмни со Клосе на вечната листа по бројот на голови на Мундијалите со 16, Меси е на врвот со два повеќе.