Мбапе со Ирак даде два гола, но и помагаше на вработените на стадионот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Франција и Ирак на Светското првенство беше прекинат дури два часа поради силниот дожд кој за само неколку минути го натопи теренот и создаде тешки услови за игра.

Судијата беше принуден да го прекине мечот, додека организаторите се обидуваа да го оспособат теренот за продолжение. Најголемо внимание за време на паузата привлече Килијан Мбапе кој им помагаше на организаторите да ја исчистат водата од теренот.

Снимките од несекојдневната помош на Мбапе брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции кај навивачите.

Ќе потсетиме, Франција по продолжувањето на дуелот славеше победа од 3-0, а Мбапе беше стрелец на два гола со што се израмни со Клосе на вечната листа по бројот на голови на Мундијалите со 16, Меси е на врвот со два повеќе.