Норвежаните се уникатни, „веслаа“ по пласманот во нокаут фазата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Норвешка ја совладаа селекцијата на Сенегал со 3-2 и веќе по две кола обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство, a по последниот судиски свиреж, норвешките репрезентативци победата ја прославија на уникатен начин.

Репрезентативците на Норвешка се упатија кон трибината каде што беа сместени нивните навивачи и седнаа на тревникот. Капитенот Мартин Одегард го зеде тапанот од водачот на навивачите, додека останатите седнаа и го чекаа знакот за почеток на перформансот.

Кога Одегард удри во тапанот, сите фудбалери, предводени од Ерлинг Халанд, синхронизирано почнаа да „веслаат“ заедно со илјадниците навивачи на трибините. Сцената брзо стана хит на социјалните мрежи и предизвика бројни позитивни реакции.