Дуелот меѓу Франција и Ирак е во опасност, ама објавени се почетните состави
Во Пенсилванија е најавено големо невреме и нема гаранции дека натпреварот ќе почне навреме, но вратите од стадионот во Филаделфија се отворени. Освен тоа, објавени се и почетните состави на двете репрезентации. Организаторите и метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи од дожд и силни бури во Пенсилванија. Медиумските извештаи сугерираат дека ова би можел да биде првиот натпревар на турнирот што ќе биде привремено прекинат или дури и одложен доколку временските услови драстично се влошат.
Ако, сепак, не дојде до такво нешто, Франција и на овој натпревар ќе биде предводена од Килијан Мбапе кој постигна два гола на дуелот со Сенегал, во првото коло.